Не вели дека не бев крај прозорецот,
дека она што не го виде не беше за тебе.
Постојат толку многу нешта што не ги знаеш, не вели го тоа.
Еден ден ќе ме видиш на вчерашниот прозорец
во облеката што ќе ја носам утре.
Дотогаш помисли дека само си ме сонувал. Ниту јас самата
не знам што сторив тој ден. Но прозорецот ми ги чува прстите
како што ме чуваш ти. Времето е недамнешен изум.
Еднаш постоеше таа жена што ја виде. Отстрани го стаклото,
рамката и не заборавај да го отвориш хоризонтот.