Јас сум млад,
значи, пристигнувам,
и доаѓам кога кон првата ѕвезда
поетот ја фиксира и ја запира таа слика
на својот чун што носи минлива среќа
и самиот им вели на сите
дека само еден ќе биде веслач.
Доаѓам кај вас како Предвесник
во зорите на злото и ретките добродетели,
доаѓам кај вас
во зората на огновите и сеништата на радоста,
сиот растреперен од ретките зборови
и ќе се вратам сам да ви кажам, вам, на младите
од сите континенти, дека и вие треба
да веслате кон Мирот, како овие стихови што ползат
кон тој предвесник на иднината,
кој инаку, во спротивно, може да умре заради тоа.