И тоа не е само плач,
како тресењето на цвеќињата на rоспоtата Даловеј,
но солзите се враќаат во изворот,
како во сржта на големото дрво,
патувањето по стеблата низ растителните жили,
кои ни ја осветлуваат суштината на течностите,
во хармонија со воздухот, кој дише во сон –
сето тоа се знаци на допирање во љубопитното доба
со зборови изречени од други
со побелена брада од утринската светлина меtу ноќта и зората,
кога како глувци во театар се прегрнуваат и навиваат
за животот, меѓу вашиот грб и таа
која ја делmu со останатите до себе
во кожурецот од значења меѓу телата,
каде што во сонот цело време тече
сокот на дрвото на сите мисли.