Благодарение на тоа што реката тече
и селата се плодови на патиштата
и патиштата се вратите што месечарат
и сонот е сенката на смртта
првенчето на нејзината бела земја
и мртвите се со мене
шетаат пред мојот дом
разоружани и мирни
позираа за фотографии потем заминаа
самостојно
без ноќ
или несреќа…
Превод: Марија Петровска