Најмила, дај ми го островов…полн со здивови на морето,
Придушениот вкус на воздухот и песочните форми на ридовите.
Твојата безгрижна, чиста и небесна љубов, те молам дај ми ја.
Ненадејно задоволство и маѓепсано пеење на тревките.
Те молам дај ми ги карпите, измивани од вековите.
Во солените распрскувања патиштата на вечноста сокриј ги.
Овој дар на Природата, инспирација излеана од ѕвездите,
Девствен брег и слава исчезната во вековите.
Дај ми бакнеж од сонцето, бакнеж од маслиново гранче,
Да ја згаснам жедта од пламнатото срце.
Дај ми остров – божествено ехо на лира.
Дај ми го островот над островите.
Најмила, дај ми го островов…полн со здивови на морето.