студот
се шири од делот кај аголот
близу до креденецот

затоа сега
е поладно
иако зимата
е завршена

решив
да најдам друга соба
и тогаш сфатив
дека студот
не е поврзан
со собата

Туку
Е поврзан
Со крушките со чуден вкус
Кои ги купив
Минатата есен

И сега нема шанси
Студот да престане
Затоа што дединитивно ги изедов
Тие крушки