Ранет од мракот,
Поетот
Заспал
Во првиот ден на светлината;
На третиот ден,
Дрвото на неговиот крст
Изгни
Од тишината
Каде што беше закопано
Неговото тело;
Шестиот ден,
неговото тело
Стана дрво на крстот…
Во него страдањата
Дојдоа до распетието
За да ги спасат следбениците
Немоќни,
глуви, слепи, неми…
на прагот од неговите очи,
трњето
ги оковува симболите
на светлината
за да ѝ ги подари
на ноќта.