По сите ружи, групни и
посебни, преостанува
само името, ружа – се поткрева таа
во средина, не земајќи ги
предвид ни дахот ни смртта.
Отсекогаш траеле прославите на смртта;
не можеме ниту да ги поместиме
ниту да ги промениме – тие зрачат
нешто што не може да се избегне.
Трагата и така се губи; имињата
се бришат – каде е момчето
во полето, меѓу житото со
змиска кошула
во пустото стрниште? од куќата го
гледа човек кој доаѓа сам до
себе. Кога ќе се сретнат, ќе бидат
веќе луѓе, а ружата?
Ја замениле други. Правот
го задушува зеленилото на лисјата, сè
може да се смести во едно шишенце од
црвено стакло – од
кое во мугри бегаат птиците