Последниот стих
Никогаш нема да биде
Кажан,
По патот на душата
Поминуваат без престан
Кочии
Полни со патувачки странци
Предиспонирани за меланхолија
Но алчни за моќ.
Опседнати се
Со идејата
Да му пренесат на поетот
Хронична
Несоница.
Последниот стих
Никогаш нема да биде
Кажан.
Галебот од моите сониппа
Крцка
Како за’рѓана гилотина
Расипничка
И неблагодарна.
Која го демне притаено
Крикот на буквите.
Еден ден
Во едно снежно невреме
Поетот ќе стане тетоважа
Наградите
На една поема
Во делириум.
Превод: Надица Николоска