Затворските решетки не го прават
она што пајаковата мрежа не го прави
шипки поставени на камења
врз камења и складишта
пуста, лакотна декорација, со решетки.

Издигни ја љубовта под гранитната линија и заклучи ја со
звукот на заклучување. Врамената брава, смрзнатото море од
гранит. Чадот од затворските решетки формира дрвја.

Секоја решетка е девица. Секоја капија е јато
греди и атоми. Јас сум влакно од гранит. Станав
чедо на филтер и филигран. Јас сум
пленик пред стапалата на мрачниот дом. Синовите
му се архитекти.

Превод од англиски јазик Горјан Костовски