1
Може да ме викате
лос. Јас не сум
лос, но имам
трпение

истрајност
сила
на еден
лос – на лосова добродушност. Клоцам силно

но ретко.
Само
кога
е неопходно.

2
Ме гледате
на
патните знаци
покрај шумите, под
грмливите неба
на сликите
во маслени бои, исцртани на канадскиот
сончев

декор. Престојувам
на едно
друго
место.

3
Живеам
во приказната
од Тарxеј
Весас. Со долг врат

и нестрплива
муцка која знае каде да бара
највкусна
кора од дрво. Да не

бидам измамен
од волшебните
огледалца
на автопатот.

4
Да, постои центар
на целта. Не секојпат

онаму каде би
го очекувал.