Господе, домаќине, дозволи ми малку
да поседам во твојата куќа,
братот што го носам во мене е осамен
откако ќе ти го предадам, повеќе нема да седам овде
Брате мој, мојот сокак, дозволи ми
уште малку да те поносам во мене,
откако ќе почнеш да се бориш со вистинскиот живот
ќе останам сам во овој свет
Мојот живот, мојата мала соба, дозволи ми
уште малку да го барам патот во песните,
можеби по тој пат јас и мојата душа
ќе ги најдеме сите мои изгубени браќа .
Превод: Ајлин Скоро