Колку многу би сакал ….
да ја ставам главата за миг
врз твоите поли,
тие поли само на мене ми припаѓаат.

Таму ќе ги ги нурнам усните,
таму ќе го пијам мирисот
од твојата невина душа,
и, затворајќи ги очите, ќе ти дадам
со дел од мојот здив,
мирис на расцветан цвет.
Колку многу мојата лудост
Би сакала да се исплаче врз твоите поли,
низ бескрајни бакнежи како алчен просјак,
кој мрмори:
„ Лебот наш насушен – дај ни го денес!“

Тоа што не си ми в раце,
измачувачкиот копнеж
поттикнува агонија, ме тера на солзи,
ми задава болка.
Дојди!- тоа е мојот повик, те чека,
чека како птиците што ја чекаат пролетта;
Денот сум на небото исполнето со птици
што се колебаат да заминат.