Нани, нани, дете мало
мама ми те стави во рацете на бато
и отиде да крши коски таму надвор
Кој ли да разбере само.
Нани, нани, бон-бонбони
Зошто се вечерва сиве жешки солзи?
На небото дупки, ситен дождец рони,
Со жарот свој татко ти се прости.
Нани, нани, во топлото ќебе
Светот е навистина црн, мило мое
Те лулам во темница, сакано бебе
И посакувам само да беше овде.
Нани, нани, сон ти плетам,
Родителите, и двајцата веќе небото ги зеде-
А ти – мртва сиве овие шеесет лета:
Сега јас мора да те носам тебе.