За Дајана

Улиците се стегаат цврсто заедно Стари камени
Куќи ѕиркаат низ мали прозорци Рибјото попладне
Открива кафен стомак Базалтната кошула на сонцето
Ја впива поттта од твоите жедни очни капаци Миризлива кула
Невеста со пченкарна крв Паѓам низ свиленкасти градини
Овоштарници од млечни колена Преку белината на која
Стрелката на часовникот фрла сенка Дванаесет удари оддекнуваат Кулата
На Катедралата Св. Рох се руши во амбисот Се раѓам на твојата
Самовилска дланка леплива од сол Со мирисот на млад
Ветар придвижен од бели бедра Гол помеѓу вчера
И утре Жарчињата на карпата н¡ горат Правта од лозјето
И спржената земја Светлината си ги остри забите на врвцата на
Нарцис На танцот на морето врз слепа кожа Со зрели
Дланки времето обликува глина Песок во грлото Твоите
Раменици одвоени како квичењето на летечка риба застрелана
Додека летечките нозе чекорат кон Зенитот како бели тополи
Го допрев сончевиот ’рж во центарот на кругот Пладнето
Стана невидливо Неговиот синкав чекор сега има лисја
Со бројки го покорува светот