Низ длабок снег, здрвени од студ, водени од неоткриени ѕвезди
од контејнер до контејнер, носејќи во пластични кеси
рециклирачка стока како утроби што раѓаат нешта,
користејќи сè што ќе им помогне да се раскинат
од светот, сè што може да се претвори
во мигови на екстаза. Тела како на изнаработени мулиња.
Каде ги носи нивната нестрпливост?
Можеби знаат нешто повеќе, секоја ноќ гледајќи го студот
Небото над нивните глави, па не градат домови, не се населуваат,
Не печалат леб со потта на веѓите?

Веднаш под северот
Ѕвезда во еден контејнер
На работ на градот, најдоа мртво дете
Во пластична кеса. Не му дадоа подароци
И не го погребаа, не сакаа
Да се сретнат со полицијата, тоа беа луѓе
Со други обичаи, од друга земја.
Го оставија да страда тивко за нашите гревови,
Непогребано, неоплакано, неспособно да воскресне.
Веднаш да страда, без зборови, чуда, церемонии,
Зашто речено е веќе с¡, сите се научени,
Останува само дејствување. Лицето на младиот
Јанус во пластичната кеса.

Можеби знаат нешто повеќе?
Можеби чекаат нешто да се случи?