Тој тажен ноември лисјата си заминуваа,
Ветрот беше во плач, нежно молејќи ги…
Ластовиците летаа сè подалеку и подалеку,
Старите лажливи години брзаа низ вековите.

Мајка ми, како вистински ангел, под светлоста од свеќа,
се моли целиот свој живот,
Дури и кога, под белината на марамата што ѝ ја покрива главата,
студенилото на смртта полека воздивнува.

Единствена желба што имам, синко,
Мајка шушка во агонија:
Чувај ги розите во градината,
Нивниот свеж мирис постојано ги храни
пупките на поколенијата што идат.
Јас одам, одам предалеку,
каде сјајната Месечина
ме кани во белината на Рајот,
И кога птиците ќе одлетаат,
Ти остани овде во градината,
Ти, ластовицо на мојот живот…!

Мајка ми одлета кон сјајната Месечина,
За време на едно темно, расплачено небо,
Нејзината мила насмевка нудеше само љубов и добрина,
…Свеќи…свеќи… ѝ го осветлуваа патот,
до каде ја повикуваше студената Месечина,
до вечноста…

Тој тажен ноември лисјата си заминуваа,
Ветрот беше во плач, нежно молејќи ги…