Артикулацијата повремено се јавува
[..] при вдишување (инверзен звук).
Така, на пример, инверзно [ф] се
користи повремено за изразување
на ненадејна, блага болка.
Р. Арнолд/ К. Хансен
Многу подоцна е:
небаре штракање небаре: здивот затера и
крај работ чаурите крцкаат, дури го кршат
семето тие: прскаат водна прашина подлабоко, од
брегот, преку копното.
Претходно:
јазикот ги бразди непцата со шепот
цврчи, се возбудува (…) во жештината
изгубена во маглата; свежо-искосена трева –
минато што брчи – ехо – ветрот