Тој има сè.
Убава и млада сопруга
Удобен дом
Сигурна работа
Кадифен троделен костум.
Кола металик боја
Бар од махагонија
Рагби трофеј
Музички систем на далинско
Комплет палки за голф под закачалката
Светлокоса ќеркичка која проодува

Она што до смрт го плаши
и го тера некогаш ноќе да се превртува
на електричниот чаршав
дури слуша како часовникот антиквитет
чука со неодобрување од спуштањето
се приказните со ваков почеток:
Тој имаше сè.
Убава и млада сопруга
Удобен дом.
Сигурна работа.
И тогаш еден ден.