Чувствувам желба за плачење
Заради овие лисја што шумолат

Некако, не можам да верувам
Дека наскоро тие ќе заминат на другиот свет

И дека само ќе одлетаат некаде
Впивајќи го жолтеникавиот здив на сјајното сонце

Моето срце се тресе и за мајката дрво да не замине
Ошамарена од ветерот, така празно после растежот

Засакано и обожавано, моите очи запомнети
Понекогаш сакам да исчезнам и да овенам

И да одлетам за да ја почувствувам празнината, кога времето ќе дојде
Не сакам да се сетам како месецот се покажува врз разбранетото езеро.

Не ќе може да се замисли маглата да го покрива воздухот на раното утро
Заборавајќи на смеењето на девојките на кои им приоѓам со загриженост и трпение

Одејќи безтежински во празнината
Моите спомени ги пријавувам на срцето на некој друг

Ќе се соголам да смислам нешто
Зошто сум толку нежно и осетливо! Кажи ми зошто! О, Господе мој.