Каква прекрасна глетка!

Бреговите се обрабени од ред корални гребени.
Низ бојата на застојаната вода засвети солта.
Огромни школки и сунѓери со тврд оклоп
го чинат дебелиот слој варовник
што ги штити суштествата што пловат по површината.
Со време, чуда налик на октоподи ги освоиле
морињата. Питоми грабливци беа,
живееја и се толерираа едни со други на течната светлина,
со умен воден инстинкт и
среќно отстранета свест.
Навечер се враќаа во своите куќи
од рог од овен и се грижеа за своите потомци –
додека големиот океан ширеше штит околу нив

Така беше во темниот среден век од светската историја,
двесте милиони години пред последната војна.
* вид морски фосили (заб.на прев.)