Се к’ти ноќта црна, се рути
карпа мрак,
зар петли в село,
зар зора, сал таа Абор гора.
Си демне тој на врвот, ни копа
тој ни ора, со залчево, ќе мора.
Најличното ли дете на Арон
над војски надвиснува, над царот,
разбркува пилци и народ. Го стаса
токму на прагот, а кренато беше
на нога сè што наполнило око,
фатило зрак и кора, од себе
сторило чекор кон ваква гора.
Ни петли в село, ни зора, ни тие
ќе се сретнат. Претрча војник, орач?