„Почитуван господин директоре
од фабриката за производство на песни,
извинете што Ви го крадам времето,
јас, Вашиот надничар, со покорност,
би сакал да ве запознаам дека:
поезијата не е виновна
дека на оваа планета се поскапи хартијата,
и ниту поетите не се виновни
ако мастилото е помалку,
не за нивниот продолжен стих
на некои места и пенкалата недостигаат…
Неизлечени од поезијата,
заболени од вечноста –
со очите кон најмладата ѕвезда –
ние, санчо-панчовци,
и донкихоти,
оние кои се надеваме дека со една песна би можеле
да свртиме внимание на мртвите,
Ве молиме да издадете сметки
и за надежи.
Исто така сте замолени,
ако може, да потврдите
со потпис и печат
дека во нашиот век кавгата е бесполезна,
дека само поезијата е потребна
на овој свет.
Да се знае.
Со сета љубов и грижа,
Господине!
Превод: Вања Михајлова Штерјова