Страв ми е од една книга (ја гледам често и во сон),
која би ја отворил исплашен
и во нејзините страни одеднаш би ги додал —
сите стихови кои сѐ уште не сум ги напишал.
За кои душата ми е, сепак, наквасена:
како сунѓер од вода; и послание –
од нивна страна – секој сон ми е чист,
и поранет ми е доцниот час.
Како да се гледам читајќи – во таа книга
само до средина на било која поезија,
знаејќи што е напишано понатаму,
наеднаш преку еден ред целата песна оживува.
И очите би се лизнале, пустини од мисли –
како преку една судбина што се одложува —
преку тие, драги и свети, редови,
како препишани од една туѓа рака.
Ненапишани листови ќе подиват во фиоките;
и во вечните квечерини, со горчлива тешка миризба, —
јас таа книга би ја прелистувал, повремено:
како сопственото проклето досие.
Превод: Вања Михајлова Штерјова