Морските галеби кружат и кружат
во внатрешноста на бурното море од моето срце
Тага ми се исцртува по бледото лице
како риба
која е оттурната на брегот.
Последната надеж е умирањето
во осаменоста на моето срце –
Во осамениот агол на необичноста
Воздивнав денес.
Поради оваа воздишка,
крвави капки роса
блескаат на месечевата светлина
како твои солзи кои паѓаат на мојот гроб.

прев.Марија Петровска