Секој ден гледам жени нападнати,силувани,
Напуштени
Како мртовци кој пловат по водите
До бродот што тоне,
Исфрлени од креветот на телесната алчност,
Страст, крвави капки
И јас исто се чувствувам, како да пливам кон смртта,
Како да минувам низ Сцили и Харидби,
Да се сретнам на дуел со морски ѕверови.
Ги чувствувам пукнатините и гризнатините во телото,
Сите болат!
Се прашувам: ме носат ли кон вечен молк,
Кон гробно место?
Чувствувам секој ден ја губам енергијата,
Како растреперена свеќа што ја надживува својата светлина,
Наспроти ветрот и мракот на насилството
О боже! посакувам само да имав моќ!
Не можам повеќе…
Да ги истрпам лажните зборови,
Што ги носат желбите на моето тело,
И длабочината на моите тајни…
Колку шокантен е стравов,
Што го ниша видот во очиве!
Не можам повеќе…
Да уживам во црцорот на птиците,
Децата кои пеат преку улица.
Сакам да диши, да го почувствувам лесното ветренце,
Што доаѓа од длабоките здивови,
На раширениот мирис од сладок босилок.
Чувствувам сè како длабоко ми гори во срцето,
Околу името.
Сакам да се ослободам од измамата на
Темните оази на предавниците на љубовта,
На низите од ветувања
Што го разубавуваат креветот на измама.
Не можам повеќе!