Половина од с¡ што кога и да било сум сакал повеќе не е со мене
Неколку сакани (речини сите) останаа таму негде
Другите едноставно заминаа

Брат ми пишува итно од Мексико:
„Мора да го продадеме домот на работ е да се сруши“
А јас се прашувам:
зарем имаме дом?

Татко ми ги се откажа од кошулата
и панталоните што ги сакаше толку многу
го пропушти неделните филмови
и патувањата до земјата за која сонуваше
помирувајѓи се со прошетка во паркот
за да ги гледа лицата на камените коњи
и на статуата на расчекорениот генерал
С¡ за да ни купи дом
мал скромен дом што си замислил да се сруши

Ако јас се прашувам
нека се сруши ако сака
Ако половина од с¡ што кога и да било сум сакал повеќе не е со мене
ако децата сега не се туткаат под мојот прозорец
ако насмевката на сестра ми е распарчена пред огледалото
таа ужасна јунска ноќ
пред бурата и кукуригањето на петелот
ако остриот плач на детето
не предизвикува силна нежност
што раѓа љубовна песна меѓу моите дланки
ако јас се прашувам нека се сруши
и нека изградат друга ако сакаат
но ќе биде врз пепел

Гласот нема повторно да ми оддекнува меѓу нејзините ѕидови
Твоите љубовни белешки Маријана
нема да ми ги намирисаат дланките
На Божиќ
Секогаш ќе бидам далеку
осамени соби ќе ја населат куќата
која како што пишува брат ми во своето писмо
„веќе го загубила првото прозорско стакло“

Добро
нека се сруши ако сака
Ако е така
тоа што ќе ја заборавам ќе биде моја одмазда
бидејќи веќе некое време
веќе подолго време
немам дом.