Има нешто овде
Слабо осветлено
Ме повикува
Маѓепсан, одам кон него
Со тешки чекори
Стаклести очи
Илјадници околу мене
А никој да ми ја наполни чашата
Ми здодеа да се вртам во круг
Нема куќа на повидок, нема камен
Каде е рубата од аџилакот
Навистина ли ја носев рубата за аџилак?
Или заборавив?
Како што заборавив и да се помолам денес
Молитва на оние што си ја знаат неписменоста
Молитва на оние што не си ја знаат неписменоста
И никогаш не знаат дека
Тајфунот, несомнено, доаѓа во градот
Да ги откорне дрвјата
Да го скрши јадрото на мојот прозорец
И да ме скрши
Се навикнав на сопствените порази
Бидејќи се навикнав на животот
И тој се навикна на мене
Како што очите ни се навикнуваат на темнината
Кога зраците светлина наеднаш ќе ги снема
Се навикнав на животот
Тајфунот ќе си замине за два денаِ
Ќе станам, ќе го зберам скршеното стакло од мојот прозорец
Ќе отидам до градот да купам леб
Млеко, малку овошје, и a парче стакло
И ќе побарам во очите на луѓето нешто
Слабо осветлено
Што ме повикува

Маѓепсан, одам кон него