Кусо е задоволството а долга е ноќта,
застрашувачка и јалова и глува.
Уште еден миг телото се стега цврсто,
потоа само се крие во чаршафите.

Прегратка ќе се расплете и темнина ќе доползи
меѓу рацете и нозете, а тогаш под кожата
суштеството од океанот ќе се раздвижи од сон,
нема каде да се скриеш од неговиот потсмев.

Вресок од уличните експлозии оздола
како Пежото што никогаш не попушти
мора да го огласи својот аларм во ова доба.

А оној кој сака да спие, да заборави, да се повлече
нема да види како наводенетото око широко се отвора
и ѕверот од длабочините како голта.