Во неделите, облаци надвиснале над ништожноста
низ неа минуваат артерии.
а јас зборувам за камења,
за минерали, за разбирање што татни.
Климата е пријатна, упорна.
во меѓувреме некој викнува: баста.

минуваат фанфари,
носачи на знамиња, свети себастијан,
исправен на својот остров, исправен во засолништето,
на рамената на силни мажи,
кои, имам впечаток, го совладувале
бесот сиот свој живот.
Пронижаниот, меѓутоа,
се наведнува.

само да беше барем сноќено.
Најпрвин вечер, потоа нов ден.

ти лекнува кога климата
се вмешува.
нешто поминува од горе.
нешто застанува долу.

овде чекори твојот чевлар

затоа е необично
што светот
сепак с¡ уште постои, толку мил,
и, како што ме уверија во тоа:
наедно, и кревок.