Живеам во држава Очај
Во Очајград
Меѓу очајни луѓе
Јас очајна
Го гушкам очајниот сакан
Со очајни раце
Му шепотам очај-зборови
Го љубам со очај-усни.
Од очај правиме деца
Во очај ги давиме –
Со очај ги клукаме
Очаенчињата наши
За да го продолжат родот наш очаен
Името наше очајно да го продолжат
Очајни деца да раѓаат
А тие уште поочајни
итн.
Зашто Бог на очајот владее со нас
И неговите очај-пратеници
Со очај алатки
Што нашите куќи со очај ги варосуваат
Прозорците со очај ги прекриваат
И вратите ги оковуваат со него
Кревајќи очај-ѕидини околу нас.
Проповедајќи очај-вера
Го собираат бериќетот и ќарот
Нѐ учат на Свет Очај.
Со кој ќе заслужиме живот вечен
За да воскресне човечкиот род
Очаен –
Јагне што талка
Ни стреа, ни пат да најде
Зори и утра
За век и веков.
Проклета да си рако бедна
Која ова го запиша во летото Господово 2013
Превод од српски јазик Бранко Цветкоски