Дрвото е ангел чувар на човештвото
Ги штити патниците со убави сенки
Во жешкото лето
Точно на пладне
Дрвото е голем мудрец
Ги тресе златните лисја
Со есенскиот ветер
За да избегне присуство на љубомора
Дрвото е вечен страдалник
Што ја крие виталноста длабоко во корењата
Во студената зима
Покриена со бел снег
Кога доаѓа пролетта
Првото што се буди
На земјата
Е дрвото