Распукано стебло
пред шумската чистинка
најниската
гранка
полека се ведне
снегот трепери
од септемвриските неба
ова е живеалиштето
на ништо
освен далечен германски хор
и
Црвенкапа спружена мртва
со три гребнатини
на вратот
Превод: Ана Топенчарова Коваческа