Не сум ги облекол
ушите утрово
а сепак
светот ме вџашува,
мноштвата столови
сврзани заедно
падовите на берзата,
тоа чкртаwе со заби
сред нови чевли
и банкноти.

Си мислам со биковска настојчивост,
на која страна од животот
завршил животот?

Кожата на леопардот
се продава на пазарот
по цена на дијамант.

По тобоганот на огнот удолу
се лизнуваат страсните бакнежи
на љубовниците
запаѓајќи во yвезден недостаток
во студените дни
и талкаат без татковина
низ стресните градови
натрупани со шут.

Повеќе никој не свирка по улиците.
И се чини срамотно да се копнее
по спокојното сино небо
по жолтиот звук на пченицата
по движеwето на водата
во совршени кругови
кога дете
фрла камче
од осветлениот прозорец на неговата соба.

Гулабот се враќа
на поставената трпеза
носејќи во крвавиот клун
шлаканица од светот.

Како ќе знам од каде
ќе дојде смртта.

 

“Еве го морето
морето во кое
се судира мирисот на градовите”
— В. Хуидобро