Секоја вечер, излегувам на улицата
и улицата се обвиткува околу мене
како завој на рана.
Ја поминувам реката. Нејзините неверни кучиња
ми ја лижат дланката.
Под мостовите,
тече месото на моите непријатели,
во големи четвртини, бледосини.
Ете така чекорам низ градот,
како некој мрзелив и суров бог.
Улиците се обвиткуваат, лепливи,
една по друга, околу мене,
и тоа навиткување, е самиот град,
во воените каиши на утрото.
Сѐ уште послаба, сѐ уште полуцидна.
Ете така чекорам низ градот.
Како прст кој врти низ раната
и кој ја шири.
Превод: Надица Николоска