Огништето
од желба гори
да стави точка
на мислата
во која патот
на мечтиве
запна
кај зборот радосен
со искри
од трупци влажни
низ душава
собрани
кои се дрзнав
пепел да ги сторам.