За сите срца, пеам
За целото човештво, ги намамувам
Во песната на среќата
Песнава се роди во мене пред вашето присуство
Не умира,
Песнава почнува одново и одново
Во четирите основи на човештвото
Светат величествено лицата од насмевки
Во братство од мир
Сега бијат камбаните
Трпеливо ја чекаат мудроста на луѓето
Песнава грицка сенки од различност
И ја заискрува музата во нас
Песнава на гордост бакнува преку границите
Ја обновува свеста за братски мир
Над седумте хоризонти на човештвото
Го сонува мојот горд Сон
За вистински умови на мир
За скапоцен свет
Без тероризам и војни
Слушајте, некој иден ден и сега
Песнава ќе ја рацвета моќта на нашата смеа
Затворениот сон за нашиот Мир.