Јас фотографирам молњи
ги одделувам од темнината,
небото
или дрвјата ;
на највисоките ридови,
на блоковите од флексибилен материјал,
покрај дрвја стари и осамени
ги примамувам;
опасните професии,
речиси исто опасни
како и самиот живот —
е да се фотографираат молњи.
И низ времето што едни ловат
во мене –
повеќе успевам да ги блескотам.
Ви го оставам како спомен
овој молскот
кој бев јас.
Превод: Вања Михајлова Штерјова