Колку се евтини играчките на светот,
колку се досадни живите,
колку е застрашувачки да се почне одново
Човек може да почне одново настрана од сплеткарење
дури си пие чај од ментол со еден дервиш близу Алија
и кажуваат „дикр“* како одговор кон светот
Дали сликата на една старица, нацртана по грешка,
е доволна за мене да се вгнездам во прегработ на смртта,
или да си ja пробам среќата со црната смрт, ил со колера,
офтика, тифус и други средновековни болештини
„Не“ згрми некој случаен глас, „денес
се умира од претерано инстаграмирање, од изгореници од кампањски степен,
канцер на камера, рекламно труење и тастатурни тегоби“
Нема да си го трошам животот за некоја носталгија која исполнува соби со
тажаленки
и дави насолзени магло-очести девојчиња кои живеат по подруми, — што сум, јас
десничар?
Јас само зборувам за учтивата самотија на вистината, за снегот што врне врз Гази
Хусрев,
за девојката во Бела Табија** која проси пари за хероин, зборувам за Латич,
Каракоч итн.
Босански маснави***, доаѓа Божиќ, етно-мултикултурeн идиотизам? Не, никогаш.
Ах, свету! Ако ги пофалам широките ти плеќи пред дупчињата на образите,
знај тоа е оти сакам да те разберам,
од прва рака, со сите врати ан отворени,
дур ѕвонам по сите ѕвончиња, дур ги будам сите комшии,
дур ги одговарам сите прашања со методот обид и грешка.
Само ако те разберам ќе можам да тргнам по таа величествена самотија.
Ах, свету! Од кај да почнам?
Од долгиот кашличав грч?
Од исфрланите чевли кон – од пот и негрижа- индустриските ти комплекси ко
кошници?
Од белите и црните погребани во твоите дијамантски рудници?
Од простите пазари кои бидуваат распарчени од бомби на сред бел ден?
Од твојата власт, твоите соништа, сомнежи, верувања? Или можеби стравот?
Ако ми дозволиш, ќе ја завршам песнава малку несериозно и ќе гугнам:
Според мене, сите сме бојосани русокоси на кои им е смачено од теоријата на
симулирање и измама
Предлагам да си појдеме до на фризер и на највесело одвратен начин да
пропееме:
„А да се отарасиме од нијансите, а?“
Превод: Горјан Костовски

*
**
***
Церемонија која состои од молитви, пеење и редовна медитација, преку што е можно надминување на сопственото
его и наоѓање на Бога. Се изведува поединечно или групно, а спореден ефект е запаѓањето во состојба на транс.
Кула на патот Дарива-Мошчаница, на источната висинска кота на сараевската котлина. Претходно била тврдина.
Маснави или матнави – песна која се базира на самостојни стихови со внатрешна рима.