Дали е волкот тука?
Сакам да пасам по твоите ливади,
Во твоите извори да ја удавам жедта,
Во твоите извици на девица
Да полудам за една ноќ …
ТИ овчарке, не си веќе :моја
Ниту јас сум твојата црна овца, не
Но еден ден
Ќе ти ја Сплетам косата ко коноп,
Осамата да ја обесиш
Што веќе не голта обајцата .„
Почнувам да те сликам лошо
(а ти не може лошо да се насликаш)
Само немој да :ми разбудиш забранети мисли
Што :ми ја цедат ноќта
Ни вечерва нема да спијам
Талкајќи како скитник по твоите ливади
Трудејќи се да ти ја пасам
Жешката пот на твоето тело
Само…
Дали е волкот тука?
Пpeвод: Ресул Шабани