Бог или Природата
Спиноза

В зората
по бурата излеговме да го мериме зијанот
(да враќаме камење в ѕидјето
да збираме деланки од тлото).
Фуријата
на природата се врати кон својот првобитен ред
како лузна од некаков ексцес кога
следниот ден ќе погледнеш подобро и ќе ја разбереш
двосмисленоста на
претходната ноќ. Од поривот на бурата остана сал
болка и тишина (во подножјето
на кротка борова шума небото и земјата поразени:
стаорец и врабец
се видливиот спомен на заслепениот
пустош) небаре
нов почеток би бил едвај можен ако
меѓу небеското и земското и обете
се осмелеа да изгубат. Еден
бог ја поправа рамнотежата уништувајќи го она што го создал некој
мора рано да умре за друг
да може да преживее.

Превод од португалски јазик Наташа Сарџоска