бирократијата е мајка,
знаеш ли кој е татко?
гасениците статистиката ја брстат:
недостасуваат бројките
со кои ги маскираше воените мистерии
и маката во умоболницата.
здравите се болни, болните се здрави:
сврти ја, заврти ја
за линѓ и могадиш:
слегува црната принцеза
и фустаните ги растура.
излегуваат гостите и посетителите,
огромната маса почнува да скандира:
колку од тоа? колку во недоглед?
влакненцата на стомакот ги обои со к’на,
му се смееше на простотилакот,
хистерично им се смееше
на глутницата пци.
завиваа, прескокнуваа трупови:
едниот е овчар, другиот волчјак.
глутницата е гладна,
глутницата е жедна,
напаѓа крвотокот,
го развива боиштето
вдолж пругата, па кон мраморно.
знаеш ли кој може да ги запре?
знаеш ли кој е татко, раскажувач, фалсификатор?
мајката е татко.
мајка.
татко.