Посакувам ти да беше обратна во времето
требаше ти да растеш а не јас
да го гледаш животот
низ тенка мембрана од месо.
Наместо тоа, ти трпеливо
го филтрираше чувството на создавање
стана голема небесна гробница, море
и ветер што веќе ги шепотеа имињата
на нашите новороденчиња.