За среќа, што постојат луѓе што знаат да обавуваат друга работа
Во животот отколку да пишуваат поезија.
За среќа што има селани кои садат жито, произведуваат зеленчук, месо, јајце, млеко.
За среќа што има морски рибари и морепловци, механичари и авијатичари.
За среќа што постојат работници за производоство на автомобили, авиони, кафемати и машини за миење.
За среќа што има работници кои произведуваат и механичари кои ги поправаат.
За среќа што постојат ѕидари и архитекти кои градат куќи, патишта, тунели и мостови.
За среќа што има акушерки, доктори, учители, како и заболекари кои се грижат за здравите и болните.
За среќа што има кувари, фризери, шофери, хостеси, банкари, психолози како и новинари и дури полицајци (за секој случај).
За среќа што постојат чистачи, куќни помошнички и градинари.
За среќа што има сликари, инжинери и математичари
За среќа, што постојат луѓе што знааат да обавуваат друга работа
во животот отколку да пишуваат поезија.
И за среќа што сите овие
имаат право да ја сакаат, пишуваат и читаат поезијата