На изветените делови на рачно исткаените конци
гола немаштија од вресоци
среде бучни пијани бранови од шишиња вино
се виори во синтеза со игриви изреки
одекнува врз посмртни ѕидови
за да му даде боја на избледениот пејзаж
ги впива капките пот на исцрпен живот
кој децении минал да стане од работа
за да се насмее на дните минати.
Лисјето и гранчињата си се подмладуваат
со води исфрлени од играта музичко столче
со распрскана музика која изумира
во замавот на преморените раце на пливачот.
Секој ден пареата од пливањето заматува насмевки.
Лазечкум облаци танцуваат со солзи
и променливи годишни времиња бојат продорни изблици
а сепак малкуто живот останат во некое ќоше
зема замав во палатата
каде некој Ролс-Ројс ја грее секоја вечер
или Ролекси го придвижуваат мртвилото.