Трпнее занесот на победничката химна.
Исчезнуваат конфетите.

Исчезнуваат виножитата цветни,
Исчезнуваат лентите поручнички
И гајтаните и еполетите генералски.

Исчезнува хартијата украсна,
Исчезнува и тоалетната.

Дека тука била славена победата,
Малкумина ќе поверуваат.

Заминува плех музиката и тапанот маршира
Кон најдлабоката тишина.
Исчезнува и диригентската палка.

Дека тука некој победил,
Малкумина ќе поверуваат.
Одгалопира и коњот натоварен со трпение.

Само помислата на похованите копани на среќата
Останува таму кај што била и порано.
Во веселите глави на илузионистите.
Дека овде останало нешто,
Мора да веруваме. Инаку,

Од каде долетува она гребење на канџите,
Од каде лази она пиштење на пипалата,
Од каде шкрипи она механичко движење на вилицата.