Чичко Кнут беше свештеник
Беше практичен човек, но латинскиот
му звучеше грчки.
Умре откако се пензионира, стоеше
и го копаше местото за новата кука
кога срцето му отказа.

Беше повеќе електричар
отколку проповедник, сите свои говори ги започнуваше
велејќи: “не сум многу по говорите”
и во право беше.

Всушност немаше многу што да ги научи
парохјаните, тие си имаа свои маки
со нивното раѓање, љубовта и смртта
а тој немаше зборови за такви нешта.

Но имаше научено како да поправа
електрични жици и ги посетуваше луѓето во нивните домови
и им ги поправаше кратките споеви и расипаните
осигурачи, им ги завртуваше ламбите како што треба

и каде и да одеше, имаше светлина.