Страв ми е.
Откако дрвјата ми влегоа в соба да се стоплат,
стана многу тесно.
Сомнително ми намигнаа: какво ли
суштество сум јас?
Што е работава со нозеве, рацеве, со светнатите
очи? И зошто косата не ми е зелена?
Ми пробаа од вечерата, ги кренаа носовите,
Ми прочепкаа низ книгите, се сожалија на мене.
Од креветот добија грч во колковите, а пак
моторциклот на поштарот ги преплаши до смрт.
Сепак го засакаа Моцарт. Секое попладне
веселиот звук на флејтата ме пречекуваше дома.
До процветаните пупки траеше нашето пријателство.
Утрово стаса дрвосечачот,
и со помош на еден поздрав исече
добар дел од моето минато.
Дрвјата се држеа едно до друго.