Како што стојат работите
сè се движи од лошо полошо.
Односно: која е продажната цена
на ангеловиот пердув
на воздушниот пазар?
Или на живата, каустичната сода
со која ги погребуваат реките?

Земјата се затресува во четврт
до седум, петнаесет минути
пред шефот
да даде целосна слобода на својот потчинет
и почнува да полудува од здодевност
на блокираните автопати
каде месечината намигнува вчудовидено
на ужасните последици
од крајно ниските плати.

Што ќе речат индустријалците
со нивните штиркани ревери
кога телефоните
ќе побеснат на полноќ
зашто грозјето се скаменило сето
на светската винева лоза
и акциите на берзата
станале илузии.