Во овој чуден град,
Во оваа шармирана ноќ,
Ниту прошталната мелодија од жиците на виолината
Како и танчерските тела на девојките од Вариет
ниту овие прекрасни девојки
ниту гласот на бувот
кој застана на рушевините на моето срце
не можат да ме присилат да те заборавам.

Ако не можам да те заборавам,
тоа е, душо моја, како да се каже
дека смртта е нешто бескорисно
и дека овој кршлив живот не вреди пет пари.

прев.Марија Петровска